Патнички возила

ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ги финансира сите видови на патнички возила независно од марката и производителот на возилото, било да се работи за набавка на едно возило или за цела флота на возила. На секој клиент му приоѓаме индивидуално, транспарентно и партнерски.

Одберете возило - ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ купува за Вас!

Доколку се одлучите за лизинг, по изборот на возилото, приберете ја потребната документација и обратете ни се.

Кој може да биде корисник на лизинг?

  • Правни лица
  • Физички лица

Типови на лизинг:

Финансиски
Оперативен

Процедура:

1. Одберете возило во авто салон и земете профактура која мора да содржи:

  • продажна цена на возилото и технички карактеристики

2. Приберете ја потребната документација и доставете ја во ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ лично или кај добавувачот. По проверка на бонитетот и одобрување на барањето за лизинг, Корисникот на лизинг треба да ги уплати трошокот за обработка и учеството (или гарантниот депозит) како и да изработи полиси за осигурување на Предметот на лизинг. Потоа Корисникот на лизинг доаѓа на потпис на договорот во ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ по што следи вршење уплата на добавувачот.

3. Добавувачот го испорачува возилото директно на Корисникот на лизинг. Истиот потпишува записник за примопредавање на возилото, го превзема и ја извршува регистрацијата.

Осигурување и стандардни инструменти за обезбедување на плаќањата:

  • за правни лица - меници, како и гаранција на сопственикот или управителот со лична меница
  • за физички лица - меница и/или административна забрана
  • секое возило мора да има полиса за автоодговорност и каско осигурување.