Комерцијални возила

Со цел да го приближиме лизингот како производ до поголем број на клиенти и да ги исполниме нивните очекувања и деловни потреби, Ви нудиме финансирање на комерцијални возила од сите категории. 

Доколку се одлучите за лизинг, по изборот на возилото, приберете ја потребната документација и обратете ни се.

Кој може да биде корисник на лизинг?

  • Правни лица

Типови на лизинг:

Финансиски
Оперативен

Процедура:

1. Одберете возило кај добавувачот и земете профактура која мора да содржи:

  • продажна цена на возилото
  • вид, марка и тип на возило
  • технички карактеристики (спецификација)
  • аларм или блокада на моторот - задолжително да се напомене дали постои аларм или блокада на моторот поради намалување на премијата на каско осигурувањето 
  • доколку возилото е опремено со радио уред, информативно е потребно да се наведе неговата цена
  • година на производство
  • за половни возила треба да биде наведена поминатата километража

2. Приберете ја потребната документација и доставете ја во ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ или кај добавувачот. По проверка на бонитетот и одобрување на барањето за лизинг, Корисникот на лизинг треба да ги уплати учеството (или гарантниот депозит) и трошокот за обработка, како и да изработи полиси за осигурување на Предметот на лизинг. Потоа Корисникот на лизинг доаѓа на потпис на договорот во ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ по што следи вршење уплата на добавувачот.

3. Добавувачот го испорачува возилото директно на Корисникот на лизинг. Истиот потпишува записник за примопредавање на возилото, го превзема и ја извршува регистрацијата.   

 Осигурување и стандардни документи за обезбедување на плаќањата:

  • за правни лица - меници, како и гаранција на сопственикот или управителот со лична меница
  • секое возило мора да има полиса за автоодговорност и каско осигурување