Опрема и машини

Финансирањето машини или опрема кои се неопходни за раст и развој на работењето, како и за унапредување на производната и услужната дејност се уште еден дел од нашите услуги.

Потребна Ви е подршка во остварувањето на Вашите деловни визии? Обратете ни се со потполна доверба.

Доколку се одлучите за лизинг, по изборот на опремата, приберете ја потребната документација и обратете ни се. 

Кој може да биде корисник на лизинг?

  • Правни лица

Која опрема може да биде предмет на лизинг?

  • IT опрема, мрежна опрема, принтери
  • опрема за печатници
  • градежни машини 
  • производствени погони и машини
  • земјоделски машини и опрема
  • медицинска и лабораториска опрема
  • друго

Типови на лизинг:

Финансиски
 

Процедура:

1. Потенцијалниот Корисник на лизинг од добавувачот на машината/опремата зема понуда која гласи на "потенцијалниот корисник на лизинг" каде продажната цена е формирана од нето цена, царина, останати зависни трошоци и износ на ДДВ, а со профактурата се приложува и потребната документација .
2. На основ на приложената документација се врши оцена на бонитетот, а на потенцијалниот Корисник на лизинг му се доставува информативна понуда со основните податоци за износот на лизинг ратата, рокот на финансирање, износот на учеството, трошокот за обработка како и вкупниот износ на финансирање. 
3. По прифаќање на информативната понуда од страна на потенцијалниот Корисник на лизинг, кредитниот одбор донесува одлука за склучување на Договор за лизинг. 
4. Следи уплата на учеството и трошокот за обработка. 
5. По извршената уплата се врши потпишување на Договорот за лизинг и депонирање на инструментите за обезбедување. Понатаму следи превземање на опремата и потпишување на записник за примопредавање.

 

Осигурување и стандардни документи за обезбедување на плаќањата:

  • меници, како и гаранција на сопственикот или управителот со лична меница
  • секоја опрема мора да биде осигурана со адекватна полиса за осигурување