Пловила

Лизинг на пловила

ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ги финансира сите видови на пловила без оглед на марката и производителот, независно дали се работи за набавка на едно пловило или  за цела флота на пловила. На секој клиент му приоѓаме индивидуално, транспарентно и партнерски.

Кој може да биде корисник на лизинг?

  • Правни лица
  • Физички лица 

Типови на лизинг:

Финансиски
 

Постапка:

1. Одберете пловило и земете профактура која мора да содржи:
a) продажна цена на пловилото
б) вид, тип и марка на пловило
в) законски пропишани давачки за пловила
г) технички карактеристики
д) година на производство
ѓ) за половни пловила треба да биде наведена годината на производство и работните часови

2. Приберете ја потребната документација и доставете ја во ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ или кај добавувачот
По проверка на бонитетот и одобрување на барањето за лизинг, Корисникот на лизинг треба да ја изврши уплатата на учеството и трошоците за обработка,  како и да изработи полиси за осигурување на Предметот на лизинг. По уплатата на договорните обврски се врши потпишување на Договорот за лизинг и се врши плаќање на добавувачот.

3. Добавувачот го испорачува пловилото директно на корисникот на лизинг 
Корисникот на лизинг потпишува записник за примопредавање на пловилото, го превзема и ја извршува регистрацијата.

Осигурување и стандардни инструменти за обезбедување на плаќањата:

  • за правни лица - меница како и гаранција на сопственикот или управителот со лична меница 
  • за физички лица - меница и/или административна забрана
    * секое пловило мора да има каско полиса и полиса за езерска одговорност.