Човечки ресурси

МИСИЈА

Да се биде поддршка на деловната стратегија на компанијата низ регрутирање, развој и мотивирање на луѓе, како и на Управата при донесувањето на деловните одлуки поврзани со човечките потенцијали и поддршка на вработените во постигнување на подобри деловни резулати.

 

ВИЗИЈА

Постигнување на одлични деловни резултати низ обезбедување можности за раст, благосостојба и збогатување на компанијата како и на нејзините вработени.

 

ЦЕЛИ

1. Да се ангажираат квалитетни луѓе, да се мотивираат, образуваат и развиваат за да постигнат високи резултати и дадат прдонес за остварување на целите на организацијата. 
2. Да се овозможи стручна помош и програми на менаџерите за успешно управување со потенцијалот на вработените како би се оствариле целите на организацијата. 

 

ФУНКЦИЈА

Деловната функција на управување со потенцијалот на вработените ги обединува работните обврски и задачи врзани со луѓето, нивната регрутација, избор, образование и други активности поврзани со развој на вработените.  
Ангажирањето квалитетни луѓе, нивното мотивирање, образување и развивање за да постигнат високи резултати и да дадат придонес за остварување на целите на организацијата станува клучна менаџерска задача и функција. Ние сме свесни дека без тоа ни најдобрите организациски планови и стратегии не можат да се реализираат. 
Успешните и неуспешните фирми и менаџмент битно се разликуваат токму по односот кон луѓето и праксата на управување со човечкиот потенцијал. 
Квалитетот на управување со човечкиот потенцијал во најголема мера ја одредува вкупната успешност на организацијата.