Развој на вработените

ГОДИШНИ РАЗГОВОРИ И ОЦЕНУВАЊЕ НА УСПЕШНОСТА

Вовед во годишните разговори и процена на остварениот резултат:

  • овозможува јасна комуникација на тимските и индивидуалните цели
  • ја одредува улогата на секој вработен во вкупниот успех на организацијата
  • овозможува транспарентно наградување за постигнатите резултати како и начинот на кој се постигнати резултатите 

 

Со тоа сакаме да: 

  • оствариме ефикасно управување со луѓето
  • осигураме остварување на целите на компанијата низ мотивациската функција на годишните разговори
  • го насочиме вниманието на вработените и нивните претпоставени не само кон резултатите, туку и кон начинот на нивно постигнување
  • обезбедиме развој на вработените низ идентификација и развој на деловните компетенции
  • оствариме јасна и недвосмислена размена на очекувањата меѓу вработените и нивните претпоставени
  • ги поврзаме индивидуалните желби со потребите на организацијата
  • обезбедиме релевантни податоци за планирање на кариерата на вработените

 

ЕДУКАЦИЈА И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Во современото работно опкружување станува се појасно дека постојаното образование и усовршување е еден од најефикасните начини на остварување на конкурентска предност. Образованието е основен услов, не само за развојот, туку и за опстанокот на претпријатието, како и најважна инвестиција во сопствената иднина.

На сите наши вработени им се нуди можност за постојано едуцирање и стекнување на стручни вештини, како и вештини кои овозможуваат личен развој. За таа цел се организираат интерни работилници, а многу вработени посетуваат постдипломски студии како и програми на реномирани домашни и странски образовни институции.