За нас

Друштвото за лизинг ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје е основано во март 2009 година.
Групацијата ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ успешно работи години наназад во Австрија, Словачка, Чешка, Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, а сега и во Македонија функционира како независно правно лице.

Сопственичката структура е следната:
51% Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Грац
49% Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Наши принципи на работење:

Одговорност

ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ е друштво одговорно за вкупното работење во Македонија, за сите клиенти, вработени како и за банката и фирмите партнери - Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Грац и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.  

Соработка

ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје како лизинг куќа е авторитет за финансирање по пат на лизинг во Македонија и нам со доверба ни се обраќаат државни инстиуции, големи, мали и средни фирми, како и физички лица. На секој клиент му нудиме решенија во согласност со неговите потреби и тежнееме кон еднаква соработка и создавање на долгорочен партнерски однос. 

Сигурност

Стабилниот раст и развој, како и стручноста и професионалноста на нашите вработени се одлучувачки фактор за успех. Палетата на производи и модели е прилагодена на корисниците, така што на секој клиент му нудиме поинакво решение, прилагодено токму според неговите специфични потреби.

Доверба

Деловната професионалност и љубезност на нашите вработени се базира на транспарентните услови на работењето кои овозможуваат отворена и искрена комуникација.

Смелост

Добрите идеи на прв поглед се лесно остварливи доколку имате вистински партнер кој е доволно смел да ви овозможи реализација на истите. ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ самиот израсна од една таква идеја, па затоа за нив имаме слух.

Што финансираме?

  • патнички и товарни возила
  • машини
  • опрема
  • индустриски постројки
  • пловила

Нашата услуга

Вашиот успех е наша иднина

Заедно со богатото меѓународно искуство, финаниската моќ на сопствениците и know-how во полето на финансиските услуги, нашата стратегија е секојдневно да настојуваме да им овозможиме на клиентите финансиски производи кои се модерни и прилагодени на нивните потреби, проследени со одлична услуга.

Обратете ни се со доверба

Корисници на нашите услуги се многу државни и јавни претпријатија, приватни претпријатија, трговци поединци и население.

Потребни ви се повеќе информации?

На следните страници ќе најдете детални информации за нашите производи и за податоците за контакт.

Ја очекуваме Вашата посета и се надеваме на идна успешна соработка.