Што е лизинг?

Изразот “leasing” потекнува од англискиот збор “lease” што во превод значи наем. Лизингот е алтернативен начин на финансирање каде е потребно да се истакне користењето на предметот на лизинг, а не сопственоста над истиот (use but not posses), т.е. филозофијата на лизингот произлегува од идејата за профитабилно користење на некое инвестициско добро проследено со флексибилен начин на плаќање кој овозможува инвестиција без дополнително ангажирање на основен капитал, успешно работење и најголема искористеност на средствата.

Како субјекти во лизингот се појавуваат три страни:

  • производителот на опремата или добавувачот на предметот на лизинг
  • корисникот на лизинг
  • друштвото за лизинг - давателот на лизинг

Постојат два основни типа на лизинг - финансиски и оперативен (закуп). Двата типа имаат свои специфични карактеристики и ги покриваат сите потреби на корисникот на лизинг.

Предности на лизингот:

  • можност за управување со сопствениот финансиски резултат
  • прилагодување на месечните финансиски обврски во склад со можностите и потребите
  • погодности во осигурувањето, попусти и трошоци кои долгорочно може да се пресметаат, односно предвидат 
  • краток рок од поднесување на барањето за финансирање до негово одобрување