Лизинг речник

  • Корисник на лизинг – физичко или правно лице кое склучува Договор за лизинг со Давателот на лизинг.
  • Гарант / жирант e правно или физичко лице, кое солидарно се обврзува кон Давателот на лизинг дека ќе ја исполни доспеаната обврска на Корисникот на лизинг.
  • Гарантен депозит е износ на паричен депозит кај оперативниот лизинг, кој во договорен износ се чува кај Давателот на лизинг за целото времетраење на Договорот, како безкаматно обезбедување за уредно и навремено исполнување на сите доспеани обврски на Корисникот на лизинг. Истиот го намалува финансираниот износ. 
  • Аконтација е однапред платен дел од вкупниот надомест за оперативен лизинг на Давателот на лизинг кој ја намалува основицата за пресметка на наемнината.
  • Учество е паричен износ со кој Корисникот на лизинг учествува при склучувањето на Договорот за финаниски лизинг, кој ја намалува основата за пресметување на надоместот за лизинг и не се враќа на Корисникот на лизинг во случај на раскинување на Договорот за финансиски лизинг.
  • Предмет на лизинг е секој подвижен предмет, односно возило, машина, пловило и др. која Корисникот на лизинг сам ја одбрал кај Добавувачот. 
  • Ден на почеток на договорот е денот на склучување на Договорот.
  • Добавувач е физичко или правно лице регистрирано за производство, трговија и/или сервисирање на Предметот на лизинг.
  • Договор за оперативен лизинг (закуп) – временски одредена правна работа во која Давателот на лизинг го финансира набавениот Предмет на лизинг поради давање на користење (преку лизинг) на Корисникот на лизинг со обврска за подмирување на договорениот надомест за лизинг од страна на Корисникот на лизинг. 
  • Договор за финансиски лизинг – временски одредена правна работа во која Давателот на лизинг го финансира набавениот Предмет на лизинг поради давање на користење (преку лизинг) на Корисникот на лизинг со обврска за подмирување на договорениот надомест за лизинг од страна на Корисникот на лизинг, кој по истекувањето на договорот врз основ на исполнетите договорни обврски ќе има право да стекне сопственост врз Предметот на лизинг.
  • Давател на лизинг – лизинг компанијата која Предметот на лизинг го предава по пат на лизинг на Корисникот на лизинг.
  • Траење на договорот е временскиот период за кој е склучен Договорот за лизинг.
  • Наемнина е договорен паричен износ кој Корисникот на лизинг се обврзува дека ќе го плаќа на Давателот на лизинг во одреден временски период со одредена динамика доколку е потпишан Договор за закуп.
  • Рата е договорен паричен износ кој Корисникот на лизинг се обврзува дека ќе го плаќа на Давателот на лизинг во одреден временски период со одредена динамика доколку е потпишан Договор за финансиски лизинг.
  • Остаток на вредност е договорно утврдена вредност на Предметот на лизинг, која се темели на очекуваната пазарна вредност на Предметот на лизинг во моментот на истекот на Договорот.
  • Матично место на Предметот на лизинг е седиштето/местото на престојување на Корисникот на лизинг односно местото на чие подрачје е регистриран Предметот на лизинг. Истото не смее да се менува без писмена согласност на Давателот на лизинг, но доколку Предметот на лизинг е моторно возило, пловило или авион, Корисникот на лизинг во рамките на нормалното користење може да се одалечи од Матичното место.