Оперативен лизинг

Оперативен лизинг - Користи, не поседувај!

Оперативниот лизинг(закуп) овозможува користење на Предметот на закуп и негова замена за нов по истекот на Договорот. Давателот на закуп е економски и правен сопственик на Предметот на закуп.
  • договорот се склучува за период до 60 месеци
  • ДДВ се плаќа месечно и е вклучен во наемнината
  • Корисникот на закуп ги плаќа договорената аконтација/гарантниот депозит и трошокот за обработка и се врши потпишување на Договорот за закуп
  • наменет е за финансирање на физички и правни лица
  • Договорот за закуп не предвидува откуп на Предметот на закуп од Корисникот на закуп
  • можно е финансирање со договарање на остаток на вредност