Финансиски лизинг

Финансискиот лизинг овозможува по истекот на Договорот да станете сопственик на Предметот на лизинг. Давателот на лизинг е правен сопственик на Предметот на лизинг, додека економски сопственик е Корисникот на лизинг.
  • Договорот се склучува за период до 60 месеци
  • наменет е за финансирање на физички и правни лица
  • ДДВ се плаќа во целост пред почетокот на Договорот или е вклучен месечно во лизинг ратата
  • Корисникот на лизинг ги книжи амортизацијата и каматата како трошоци од работењето
  • Корисникот на лизинг ги плаќа договореното учество, трошокот за обработка и вкупниот ДДВ доколку не се финансира низ месечната лизинг рата, и се врши потпишување на Договорот
  • Корисникот на лизинг со уплата на последната рата станува сопственик на Предметот на лизинг
  • секој Договор за финансиски лизинг се пријавува во Регистарот за лизинг кој се води во Централен регистар на Р.М.