Често поставувани прашања

Досега не сте се сретнале со лизингот како услуга? Прочитајте ги најчесто поставуваните прашања и одговори, тие можат да разјаснат дел од Вашите дилеми. Доколку Ви се потребни подетални информации, Ве советуваме да им се обратите на нашите вработени во ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ или вработените во најблиската експозитура ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА. Можете да не контактирате и на нашиот e-mail: info@s-leasing.mk

Зошто не се издава фактура за гарантниот депозит кај оперативниот лизинг(закуп)?

Гарантниот депозит по својот карактер, како што произлегува од називот, претставува паричен депозит кој служи како обезбедување за уредно и навремено исполнување на сите парични обврски од страна на Корисникот на закуп. Според тоа, уплатата на гарантниот депозит не е аванс за испорака на добра или услуги, туку за истиот по истекот на договорот за закуп постои можност за враќање на Корисникот на закуп. Корисникот на закуп го книжи гарантниот депозит како долгорочно побарување.

Што значи аконтација кај оперативниот лизинг(закуп)?

Аконтација претставува однапред платен дел од вкупниот надомест за лизинг кој се разграничува во текот на периодот на финансирање во пропорционален износ, така што со доспевањето на секоја наемнина дел од аконтацијата се евидентира како трошок кај Корисникот на закуп.

Какво е правото на поврат на ДДВ кој за финансиски лизинг е искажан на фактурата за предметот на лизинг?

Даночните обврзници согласно издадената фактура можат да извршат поврат на ДДВ таму каде што Законската регулатива дозволува .

Кога плаќањето на ратата / наемнината се смета за навремено извршено?

Согласно Општите услови од договорите за финансиски лизинг / закуп, ратите / наемнините доспеваат на првиот работен ден во месецот. Лизинг ратите / наемнините се изразени во договорната валута, а се плаќаат во денари по продажниот курс на договорната валута во ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА на денот на уплатата. Плаќањето на лизинг ратите / наемнините се смета за навремено доколку е извршено најкасно до 10. (десеттиот) ден во тековниот месец. Во овој период не се пресметува казнена камата.

Кога се пресметуваат курсни разлики?

Договорените лизинг рати / наемнини се пресметани во договорната валута, а се плаќаат во денарска противвредност по продажниот курс на договорната валута во ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА на денот на уплатата. Доколку на денот на плаќањето на лизинг ратата / наемнината дојде до промена на курсот во однос на денот на издавањето на фактурата за лизинг ратата / наемнината, тогаш настануваат курсни разлики. 

Корисникот на лизинг може да ја подмири лизинг ратата / наемнината на следните начини:

  • да го плати наведениот износ од известувањето / фактурата за лизинг ратата / наемнината. Доколку дојде до курсни разлики Корисникот на лизинг треба да ја зголеми т.е. намали уплатата за наредната лизинг рата / наеминина.
  • да ја плати денарската проиввредност на договорената лизинг рата / наемнина по продажниот курс на ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА за договорната валута на денот на уплатата. Доколку дојде до курсни разлики, Корисникот на лизинг / закуп ги евидентира во неговите книги како трошоци од работењето.