Контакт
Лизинг
Калкулатор
Често поставувани
прашања
Курсна листа
Досега не сте се сретнале со лизингот како услуга? Прочитајте ги најчесто поставуваните прашања и одговори, тие можат да разјаснат дел од Вашите дилеми. Доколку Ви се потребни подетални информации, Ве советуваме да им се обратите на нашите вработени во ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ или вработените во најблиската експозитура ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА. Можете да не контактирате и на нашиот
е-маил:info@s-leasing.mk
Гарантниот депозит по својот карактер, како што произлегува од називот, претставува паричен депозит кој служи како обезбедување за уредно и навремено исполнување на сите парични обврски од страна на Корисникот на закуп. Според тоа, уплатата на гарантниот депозит не е аванс за испорака на добра или услуги, туку за истиот по истекот на договорот за закуп постои можност за враќање на Корисникот на закуп. Корисникот на закуп го книжи гарантниот депозит како долгорочно побарување.
Аконтација претставува однапред платен дел од вкупниот надомест за лизинг кој се разграничува во текот на периодот на финансирање во пропорционален износ, така што со доспевањето на секоја наемнина дел од аконтацијата се евидентира како трошок кај Корисникот на закуп.
Даночните обврзници согласно издадената фактура можат да извршат поврат на ДДВ таму каде што Законската регулатива дозволува.
Согласно Општите услови од договорите за финансиски лизинг / закуп, ратите / наемнините доспеваат на првиот работен ден во месецот. Лизинг ратите / наемнините се изразени во договорната валута, а се плаќаат во денари по продажниот курс на договорната валута во ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА на денот на уплатата. Плаќањето на лизинг ратите / наемнините се смета за навремено доколку е извршено најкасно до 10. (десеттиот) ден во тековниот месец. Во овој период не се пресметува казнена камата.
Договорените лизинг рати / наемнини се пресметани во договорната валута, а се плаќаат во денарска противвредност по продажниот курс на договорната валута во ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА на денот на уплатата. Доколку на денот на плаќањето на лизинг ратата / наемнината дојде до промена на курсот во однос на денот на издавањето на фактурата за лизинг ратата / наемнината, тогаш настануваат курсни разлики.
Корисникот на лизинг може да ја подмири лизинг ратата / наемнината на следните начини:
Процесот на одобрување на кредит во банките е споро. За разлика од банките процесот на одобрување во Шпаркасе Лизинг најчесто е пократок од 48 часа.
Банките како обебзбедување бараат дополнителен колатерал (недвижина, опрема и др.)
Во најголем дел од случаите предметот на лизинг е единствен колатерал за Шпаркасе Лизинг.
Основна разлика помеѓу финансискиот и оперативниот лизинг е во тоа што финансискиот лизинг претставува финансирање на купувањето (корисникот на лизинг станува сопственик на предметот на лизинг со исплата на последната лизинг рата), додека оперативниот лизинг (закупот) е замислен како користење на предметот на лизинг. Кај оперативниот лизинг возилото се дава на користење, што е многу слично на рент а кар. По завршувањето на периодот на закуп не доаѓа до промена на сопственоста, туку возилото се враќа на закуподавецот. Оперативниот лизинг најмногу одговара на фирмите кои релативно често го менуваат возниот парк.
Минималниот рок за склучување договор за финансиски лизинг е една година.
Дали е потребно да се обезбеди гарант или не зависи од бонитетот на клиентот. Доколку според проценките на лизингот, клиентот непречено може да ги подмирува обврските обезбедување на гарант не е потребно.
Се одобрува финансирање, но во тој случај правното лице мора да обезбеди и гарант.
При процена на способноста за непречена отплата кај физичките лица се зема пријавената плата на која се плаќаат придонеси и доказ дека истата редовно ја прима на трансакциска сметка во банка.
Од моментот на обезбедување на комплетна документација од страна на клиентот до конечна реализација во просек потрбно е 24-48 часа.
Корисници на лизинг може да бидат само резиденти – државјани на Република Македонија.
Поседување на каско полиса е задолжително за сите возила кои се предмет на лизинг.
Предметот на лизинг може предвремено да се отплати со навршување на една година од денот на склучување на договорот.
Од денот на склучување на договор за оперативен лизинг до неговото доспевање, сопственик на предметот на лизинг е Шпаркасе Лизинг.
По доспевањето на Договорот за оперативен лизинг, корисникот на лизинг не може предметот на лизинг директно да го откупи од Шпаркасе Лизинг.
При настанување на штетен настан потрено е да се извести Шпаркасе Лизинг и осигурителната копмпанија каде предметот е осигуран.
Полицисиот записник е пожелен при настанување на помала штета. Доколку штетата е со поголем износ или настанот е предизвикан од трета страна полицискиот записник е задолжителен.