Менаџмент

Марјан Манчев, извршен директор


Марјан Манчев е роден 1979 год. во Скопје. Дипломира на економскиот факултет во Скопје и во 2003 год. ја започнува својата кариера во банкарскиот сектор во Р.Македонија. Во своето работење се фокусира особено кон корпоративното банкарство, инвестициите и приватното банкарство за што поседува повеќе сертификати и лиценци издадени од реномирани домашни и меѓународни институции. Кон тимот на Шпаркасе групацијата се приклучува во 2013 год. како дел од корпоративниот сектор на Шпаркасе Банка Македонија АД, а од Јули 2015 год. е назначен за Извршен Директор на ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ Доо Скопје. Во негова надлежност е менаџирањето на целокупното работење на ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ Доо Скопје.