ПОНУДА за одложување на рок за плаќање на обврски по основ финансиски лизинг поради Covid-19 кризата


Врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за Лизинг за време на вонредна состојба (Службен весник на Република Северна Македонија бр.90 од 04.04.2020 година) и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник на Република Северна Македонија бр.80 од 27.03.2020 година), а со цел ублажување на последиците од пандемијата на COVID-19, Шпаркасе Лизинг Доо Скопје на ден 09.04.2020 година, ја објавува следната

ПОНУДА
за одложување на рок за плаќање на обврски по основ финансиски лизинг


Понудата се однесува на сите правни лица - клиенти на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје, кои имаат договори за финансиски лизинг.

Понудата за олеснување на обврските по основ финансиски лизинг за правни лица e наменетa за корпоративните клиенти кои се погодени од Ковид-19 кризата, со цел полесно премостување на негативните ефекти во нивното работење.,

При развојот на предложените мерки и решенија за поддршка на компаниите се земаат во предвид сите аспекти со цел да им се овозможи на клиентите полесно справување со кредитните долгови и понатамошно одржување на нивните бизнис модели.

Разгледувањето е поединечно, по барање на Клиентите.


Договорни услови за сите типови производи

Ги упатуваме сите клиенти во рок не подолг од 10 календарски денови, а заклучно со 19.04.2020 година, да не известат за потребите за менување на постојните договорни услови, со цел да започне процесот за утврдување на потребата од олеснување на условите и преземање на мерки за обезбедување на нивна редовна отплата.

Променетите услови од Договорите за финансиски лизинг, како и сите нотарски исправи и обезбедувања (договори за залог владетелски - невладетелски, меници, гаранции, договори за пристапување кон долг, и останати договори за какво било друго обезбедување) спрема корисниците на финансиски лизинг, солидарните должници и заложните должници, произведуваат правно дејство по истекот на рокот од 10 (десет) дена од објавата на оваа Понуда, без склучување нови договори и/или анекси кон постоечките договори, нотарски исправи и останати инструменти на обезбедување, како и без да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.

Барањата за олеснување на обврски по основ финансиски лизинг, клиентите правни лица ги испраќаат преку еден од понудените начини за известување наведени во продолжение:

А. Директно известување по електронски пат на адресата info@s-leasing.mk , или на mail адресите на вашите Лизинг координатори:

Билјана Бојоска, biljana.bojoska@s-leasing.mk

Јанко Лосев, janko.losev@s-leasing.mk

Зоран Зужелов, zoran.zuzelov@s-leasing.mk

Виктор Бибоски, viktor.biboski@s-leasing.mk

Во дописот треба да ги наведете следните податоци:

  • - Име на компанија
  • - ЕДБ и/или ЕМБС
  • - Број на договор за финансиски лизинг
  • - Тип на предмет и регистарски број/бр. на шасија
  • - Телефонски број за контакт

ИЛИ

Б. Писмено известување на следната адреса:

Ул. Македонија бр.9/11, 1000 Скопје, при што во самиот документ треба да ги наведете следните податоци:

  • - Име на компанија
  • - ЕДБ и/или ЕМБС
  • - Број на договор за финансиски лизинг
  • - Тип на предмет и регистарски број/бр. на шасија
  • - Телефонски број за контакт

Датум на Понуда: 09.04.2020 година


Бидете добри и чувајте се,

#Останидома #Stayhome


ШАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО СКОПЈЕ