Пловни објекти

Лизинг на пловни објекти

ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ги финансира сите видови на пловни објекти без оглед на марката и производителот, независно дали се работи за набавка на едно пловило или за цела флота на пловлни објекти. На секој клиент му приоѓаме индивидуално, транспарентно и партнерски.

Кој може да биде корисник на лизинг?

  • Физички лица

Типови на лизинг:

  • Финансиски

Постапка:

Одберете пловило и земете профактура која мора да содржи:

  • продажна цена на пловилото
  • вид, тип и марка на пловило
  • законски пропишани давачки за пловни објекти
  • технички карактеристики
  • година на производство
  • за половни пловила треба да биде наведена годината на производство и работните часови

Приберете ја потребната документација и доставете ја во ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ или кај добавувачот

По проверка на бонитетот и одобрување на барањето за лизинг, Корисникот на лизинг треба да ја изврши уплатата на учеството и трошоците за обработка, како и да изработи полиси за осигурување на Предметот на лизинг. По уплатата на договорните обврски се врши потпишување на Договорот за лизинг и се врши плаќање на добавувачот.

Добавувачот го испорачува пловилото директно на корисникот на лизинг

Корисникот на лизинг потпишува записник за примопредавање на пловилото, го превзема и ја извршува регистрацијата.

Осигурување и стандардни инструменти за обезбедување на плаќањата:

  • за правни лица - меница како и гаранција на сопственикот или управителот со лична меница
  • за физички лица - меница и/или административна забрана

* секое пловило мора да има каско полиса и полиса за езерска одговорност.

Осигурување и стандардни инструменти за обезбедување на плаќањата:

  • за правни лица - меница како и гаранција на сопственикот или управителот со лична меница
  • за физички лица - меница и/или административна забрана